Стопанската комора со позитивна оценка за Предлог-буџетот за 2014.

Од:

Проектираните средства за капитални инвестиции зголемени за 20 проценти во Предлог-буџетот за 2014 година се позитивен сигнал, а втората добра страна е најавената реализација на крупните инфраструктурни проекти, оценува Стопанската комора на Македонија.

– Тргнувајќи од фактот што за бизнис-заедницата, буџетот е инструмент за поттикнување на економските активности, најавените 365 милиони евра за капитални инвестиции на расходната страна во Предлог-буџетот за 2014 година, со пораст од 20 проценти во однос на оние од 2013 година, изнудува позитивна оценка, бидејќи продолжува политиката на зголемување на капиталните инвестиции, која е посебно значајна во услови на најавен благ пораст на странската побарувачка во 2014 година, велат од Комората.

Во делот на капиталните инвестиции, посочуваат, позитивно изненадила и подготвеноста за реализација на проектот за опремување на лабораториите, што било барање на бизнис-заедницата во делот на инвестициите во инфраструктурата за квалитет уште во 2011 година.

Во однос на извозот, Комората поконкретни согледувања ќе направи по достапноста на текстот на Предлог-буџетот за идната година.

Предлог-буџетот за 2014 годсина е проектиран на 176 милијарди денари. Приходите се планирани на 158.200 милиони денари, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти. БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата околу 3,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година