Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Од:

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека во Собранието е најголемиот буџет во Македонија од речиси 5,5 милјарди евра, ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, мисли само на сопствените функционери и бизниси, а за граѓаните пари нема.

„Денес во ова Собрание е најголемиот буџет во Република Македонија од речиси 5,5 милијарди евра. Во овие 5,5 милијарди евра власта на ДУИ и СДСМ предвидува од вас да извлече 5 милијарди и 43 милиони евра како никогаш досега и како што личи за СДСМ и ДУИ тоа е малку и згора на тоа ќе треба уште 400 милиони евра да земеме нови кредити. Во последните 20 години единствената политичка партија која што гласала за сите буџети во собранието е ДУИ. 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, од оние за Скопје 2014 кои што сега ги критикуваат, преку оние буџети на Заев каде што јасно се гледаше корупција на целни групи пред короната, па се до овие буџети на Ковачевски и на Артан Груби каде што имаме манипулација и пермутација на бројки, каде што едно зборуваат премиерот и министрите а друго гласат пратениците“, нагласи Пренџов.

Пренџов посочи дека ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, а единствено мисли за себе и своите функционери.

„ДУИ во оваа држава ниту мисли на Македонија, ниту мисли на македонците, ниту мисли на Албанците, ниту мисли на било кој што живее во Македонија. Едноставно ДУИ мисли само на ДУИ. Пред 20 години ДУИ наликуваше на друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за по 20 години и десетици милијарди изгласани за буџети да наликува на акционерско друштво Дуинг бизнис- холдинг“, истакна Пренџов.

Пренџов истакна дека за челниците на ДУИ и нивните бизниси има пари во буџетот а за граѓаните нема.

„20 години гласаат „За“ буџетите на државата и овие 20 години ветуваа нов автопат Тетово-Гостивар, автопат нема, за тоа немало пари, ама има пари за на Артан лотаријата. За автопатот Гостивар-Кичево велат дека нема пари ама за тендерите на „Еуровија“ има пари. За реконструкција на мостот помеѓу Челопек и Брвеница немало 3 милиони денари во буџетот ама за „Арберија дизајн“ веднаш има 3 милиони евра. Бизнис инвестиција за електрични автомобили во Тетово нема ама бизниси за челниците на ДУИ има и тоа во изобилие“, нагласи Пренџов.

Пренџов истакна дека овој буџет во првата половина од годината ќе се троши како што би рекол ДУИ „како и до сега“ а во втората половина од годината ќе се троши за вистинските потреби за граѓаните и за стопанството бидејќи оваа власт заминува.

„Буџетот и неговото трошење можам да го поделам во два дела. Во првата половина од годината буџетот ќе се троши што би рекле ДУИ како и до сега, ама во втората половина од годината ќе се троши за вистинските потреби и на граѓаните и на стопанството бидејќи оваа власт заминува“, нагласи Пренџов.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6

Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2024 година