Стопанската комора го следи случајот на „Европа“ и „Макпрогрес“ во Србија

Од:

Стопанската комора на Македонија ќе се заложи за целосно решавања на случајот со обвинувањата за повреда на трговските марки на српката „Пионир“ од страна на „Европа“ за производот „Бонбон ноар“ и за „Медењаците“ на „Макрпогрес“.

– Во функција на обезбедување рамноправен третман на учесниците во постапката за повреда на правата од индустриска сопственост, која е поведена во Србија, Стопанската комора на Македонија во рамките на својата деловна соработка со Стопанската комора на Србија ќе се заложи за целосно решавање на овие случаи во најкраток можен рок во легално спроведени процедури, велат од Стопанската комора на Македонија.

Според нив целта е засегнатите македонски компании, преку своите застапници во Република Србија, да ја утврдат и докажат фактичката состојба и да продолжат со своите повеќегодишни извозни активности на овие производи кои се присутни и препознатливи по својот квалитет на пазарите во регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме