Стопанската комора бара посебен даночен режим за холдинг компаниите

Од:

Законско нормирање и посебен даночен режим за холдинг компаниите, бара Стопанската коморана Македонија.

Комората денеска ќе поднесе иницијатива до Владата за реализирање на ова барање, но притоа, како што беше речено на прес-конференција, треба да се земат предвид неколку критериуми.

Според оперативниот директор во Комората Елена Милевска Штрбевска, особено е важно да се создаде законска основа која ќе овозможи распределбата на добивката од работењето во тековната година на фирмата ќерка основана од холдингот, да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата во истата година.

– Засега тоа не е можно поради што остварената добивка може да се користи за реинвестирање и развој на фирмата дури откако ќе помине одреден период и сите рокови за поднесување финансиски извештаи и завршни сметки, истакна Милевска Штрбевска.

Во Македонија, додаде, не постои ниту можност за регистрација на холдинг друштвата, туку постојат повеќе поврзани друштва кои во моментов имаат обврска да поднесуваат консолидирани извештаи само до Централниот регистар, но не и консолидирани даночни извештаи до надлежните институции.

– Тоа е нешто што ние сега го бараме за да се гледа какви даночни олеснувања би имале поврзаните друштва зашто нивното функционирање е поврзано со тоа, а ние го немаме, ни недостасува, потенцира директорката.

Комората очекува иницијативата да биде усвоена, а како почетна основа за нејзино спроведување е неопходно дивидендите што фирмата ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата да бидат ослободени од оданочување, од оданочување да биде ослободен и приходот на холдинг компанијата остварен при продажба на удел во фирмата ќерка, како и салдото на трансферираните парични средства (заеми), да не влегуваат во даночната основа при сочинувањето на даночниот биланс за финансиската година.

Милевска Штрбевска посочи дека сите европски законодавства предвидуваат даночни повластувања за холдинзите, сто отсто ослободување од данок на дивиденди и капитална добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите.

Би можело да ве интересира

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

Орце Костов

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски