Сточарите се уште ги чекаат субвенциите, најавуваат блокади на патиштата

Од:

Сточарите од Кичевско, но и од други региони во земјава се уште ги немаат добиено субвенциите за минатата 2020 година, а веќе календарски изминува шестиот месец од 2021 година.

Во неколку наврати се најавуваше дека субвенциите ќе бидат исплатени најпрво во март или април, потоа во мај или јуни, но и по измината половина година, субвенциите за 2020 ги немаат добиено, изјави за МИА претседателот на Здружението на сточари од овој регион, Ајрадин Бајрами.

– Иако во повеќе наврати ветуваа дека наскоро ќе бидат исплатени субвенциите за женското јагне и овца, сепак и до ден денес од ветените субвенции за 2020 година нема ништо. Ни многуте контакти не вродија со плод и ние остануваме пократки за планираните субвенции, кои за годинава требаше да изнесуваат 2400 денари за женско јагне и 1000 денари за овца, вели Бајрами.

Додаде дека работите се одвиваат се понеповолно и на нивна штета, нивниот труд се помалку се вреднува, а обврските што ги имаат се повеќе и повеќе се зголемуваат.

– Ние сточарите за оваа година го продадовме јагнето по многу ниска цена од 135-140 жива мера и кога ни останаа само десетина проценти од зимското јагне, цената скокна на 170-180 денари, што значи дека нашето јагне беше ниско вреднувано, а во исто време цената на храната како зрнеста, зоб и сено, бележеа рапиден скок, а ние се повеќе сиромашевме, додаде Бајрами.

Најави дека сточарите се намера наскоро да ги блокираат патиштата и да излезат пред Влада, ако не им се исплатат субвенциите до крајот на овој месец.

– Ако до крајот на јуни не ни се исплатат субвенциите за ситен и крупен добиток, во намера сме да ги блокираме патиштата и да протестираме пред Влада со што сакаме уште еднаш да ги актуелизираме проблемите со кои се соочуваме и да и дадеме поттик на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, конечно да ги исполни своите обврски. Во спротивно бројноста на матичните стада ќе се намалува и за десеттина години, ако вака продолжи, нивниот број ќе биде преполовен, истакна претседателот Бајрами.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов