Ставрески: Во завршна фаза договорот за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“

Од:

 Договорот за приклучувањето на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ е во завршна фаза. Направено е последното усогласување на договорот и се очекува наскоро руската страна да го ратификува, а потоа и македонската Влада.

Ова го најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по промоцијата на проектот за изградба на нов објект на ОУ „Глигор Прличев“ во населбата Железара.

– Имавме посета во Москва при што беше извршено детално усогласување на договорот со „Газпром“. Од руска страна очекуваме сега да се ратификува, а потоа и од наша страна, така што сме во завршна фаза, изјави Ставрески додавајќи дека за тоа кога би се ратификувал зависи од  руската страна и оти колку таа бргу го ратификува договорот, од македонска страна ќе биде завршено за два дена.

Нацрт спогодбата за вклучување на Македонија во овој проект беше доставена во јули минатат година. Македонија во гасоводниот систем ќе биде вклучена со крак, а не како транзит, одлука донесена од страна на руската компанија која сметала дека ова е најизводливо и најекономично решение. Дополнително ќе се утврдува од каде ќе поминува кракот.

Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ почна во декември минатата година. Вкупната инвестиција во „Јужен тек“ изнесува 25 милијарди евра, а гас се очекува да протече во 2015 година. Коридорот долг 3.600 километри под Црното Море треба да ги поврзе руските извори на гас со Југоисточна Европа, независно од Украина. „Јужен тек“ се предвидува да задоволува 14 проценти од потребите за гас на Европската Унија.

Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави ќе бидат приклучени преку краците.

Акционери на „Јужен тек“ се рускиот „Газпром“, кој има половина од сопственоста во заедничката фирма, а другата половина ја поседуваат италијанската ЕНИ, француската ЕДФ и германскиот БАСФ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

Владата одобри да се донесе законско решение за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација

А1он

ВИДЕО: Македонија официјално се вклучува во проектот Александруполи

Ана Ололовска

Бочварски: Гасификацијата на сите општини ќе чини околу 350 милиони евра

Битиќи – Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика

Ана Ололовска

Бектеши: Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во С. Македонија

Ана Ололовска