Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе го претстави системот ТЕД на ЕУ како платформа за тендери.
Како што информираат од ССК, се работи за единствена онлајн платформа, посветена на европските јавни набавки, која приватниот и јавниот сектор ја користи за пристап до информации за тендери објавени во земјите од Европската унија и земјите кандидати на ЕУ.
На прес-конференцијата ќе се обрати извршниот директор на Сојузот Митко Алексов.