Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Од:

Борбата против корупција на ДПМНЕ и ЗНАМ остана предизборна фарса! Измените во Законот за јавни набавки стигнаа на второ читање, а целта е едноставна – нетранспарентно, без одговорност и контролни механизми, функционерите на алчната власт да можат да ги трошат народните пари легално преку тендерски постапки на фирми блиски до власта, велат од Левица.

„Последици од ова тоталитарно законско решение се: Укинување механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки; Елиминирањето на административните контроли и контролите на тендерските документации; Се истиснува и улогата на министерот за финансии, односно истиот нема да има обврска подетално да го пропишува начинот на избор на постапки кои ќе будат предмет на административна проверка; Разрешување на сите членови на Државната комисија за жалби; Укинување на механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки; Целосно намалување на транспарентноста на тендерските постапки и овозможување договори во четири очи.

Овој груевистички закон, се донесува пред распределбата на „унгарската милијарда“. Што значи, дека за задоволување на апетитите на сопствената елита, власта, не само што го троши парите на граѓаните, туку ќе троши и пари кои во иднина ќе ги отплаќа македонскиот народ. Праксата на нечесно расфрлање народни пари, без транспарентни постапки веќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја спроведува во случаите со „Бехтел и Енка“ и компанијата „Топлина“, некогаш подизведувач на „Марковски“.

Ставовите и критиките на Левица по овој закон, ги дели и ЕУ чии претставници овој закон го окарактеризираа како враќање назад од реформскиот пат. Граѓанскиот сектор и Антикорупциската комисија исто така потврдуваат дека законот е апла коруптивен во својата срж. Пратениците на Левица најавуваат жестока борба против воведувањето на груевистички закони, кои мицковистите го спроведуваат по диктат на финансиерите на нивните партии, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Клековски ги искара професорите и докторите додека ВМРОвски аматери, вклучувајќи го и него, го водат јавното здравје

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски