Србија и Македонија пред трговска војна

Од:

Одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија ќе предизивика соодветна мерка од страна на северниот сосед. Според српските медиуми со оваа мерка на македонската влада битно се нарушува принципот на слободна трговија, и тоа овојпат нема да се толерирало.

-Бараме итна вонредна седница на ЦЕФТА, а доколку тоа не донесе резултат, ќе преземе ресипрочни мерки, изјави за српски Блиц, министерот за трговија Расим Љаиќ.

Љаиќ кажа дека намерата му ја соопштил и на мекедонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, откако усмено го известил дека со одлуката на македонската влада се крши спогодбата.

Според оваа одлука на македонската влада, увозниците ќе мора да купат два килограми домашна пченица доколку сакаат да увезат килограм жито од Србија, односно ќе мора да купат четири килограми домашна пченица ако сакаат да увезат килограм брашно од Србија.

-Македонската влада веќе четврта година по ред ја носи истата одлука која е на сила два три месеци додека не се закаже седница на ЦЕФТА. Тогаш одлуката се повлекува и постојано водиме иста битка со нив. Резервна опција е и ние да повлечеме реципрочни мерки поради кои не сме среќни, но немаме друг избор, рече Љаиќ.

Предлог на работната заедница Житовојводина е Србија да воведе реципрочна мерка со која српските увозници на вино за еден литар од Македонија да мораат претходно да купат четири литри вино од Србија.

Поради проблемите на релација Белград-Скопје, стравуваат и македонските винари.

-Се надеваме дека Србија нема да возврати со што ќе се отежне извозот на вино од Македонија. Имаме одлична соработка со Србија и не сакам да помислам дека тоа ќе се случи, изјави за Блиц, Наталија Кузмановска, маркетинг директор на винаријата Камник.

Се предлага и реципрочни мерки за доматите и пиперките од Македонија, кои Србија ги купува во големи количества вон сезоната.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор