Спирѕис: Инфраструктурата може да ги ублажи проблемите што постојат и во поважните прашања

Од:

Улогата на инфраструктурата и транспортот е особено важна за ублажување и на проблемите што постојат во поважни прашања, вели министерот за транспорт и врски на Грција Христос Спирѕис, по свеченото отворање на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Спирѕис смета дека станува збор за „автопат на пријателството“ меѓу двете земји што го олеснува трговскиот транспорт, но и ги доближува двата народa, „бидејќи транспортот и инфраструктурата играат своја улога во стабилноста и пријателството на народите на Балканот“.

– Овде сме за да ја продолжиме соработката и за комбинираниот транспорт и за железницата, за низа заеднички активности што можеме да ги имаме со народот од поранешната југословенска Република Македонија и со останатите балкански народи. Имаме многу теми за разговор околу надлежностите на министерството. Да споменеме дека на овој автопат работеа грчки компании и за проучувањето и за изградбата, многу е важно пријателството меѓу двата народи да оди напред. Улогата на инфраструктурата и транспортот е посебна за да ги ублажиме и проблемите што постојат во поважните прашања, рекол Спирѕис во изјава за грчките новинари присутни на свеченото пуштање во употреба на делницата Демир Капија – Смоквица.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска