Соседите на Грција ги ставаат под карантин филијалите на нејзините банки

Од:

Соседите на Грција ги ставаат под карантин сите филијали на грчките банки за да ја сведат на минимум опасноста од заразување на сопствените кредитни системи, во случај да не успеат преговорите меѓу Атина и нејзините странски кредитори, информира агенцијата ДПА, цитирајќи ги текстовите во грчкиот весник „Катимерини“.

Централните банки на Албанија, Бугарија, Кипар, Романија, Србија, Турција и Македониа ги натерале грчките банкарски филијали да сведат на нула своите трансакции со грчките хартии од вредност, заеми и државни обврзници.

Одлуката доаѓа на одгласите на преговори за постигнување спогодба за нова спасувачка помош за Грција. Спогодбата е нужна за да се одблокира помошта од 7,2 милијарди евра, што е останата од сегашната спасувачка програма, обезбедени од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Европската комисија вчера соопшти дека напредокот во преговорите е незадоволителен пред средбата на министрите за финансии од еврозоната, закажана за 24 април .

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески