Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Од:

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни).

Фестивалот “SEE à Paris” традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

Признанието на Лазаров е за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и претстаува круна на повеќегодишниот ангажман на младиот македонски бизнисмен во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди, кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.

Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Денеска се одржа изборно собрание на МБСК

А1он

Никоб обезбедување: Нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ се тенденциозни и крајно непрофесионални

Ана Ололовска

Јубилејни награди од НИКОБ за вработените со 10, 15 и 20 годишен стаж

Горан Наумовски

НИКОБ Групацијата со најголема доверба за безбедноста кај странските уметнички имиња, концерти и спортски натпреварувања

Ана Ололовска

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените општествено одговорни групации во државата

Ана Ололовска

Лазаров: Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности

А1он