Никоб обезбедување: Нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ се тенденциозни и крајно непрофесионални

Од:

Компанијата ги оценува како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на Корисникот на услуги, која е надвор од наша можност на влијание.

Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24 часовен на 12 часовен, и од тие причини вработените дирекцијата за физичко обезбедување на НИКОБ што беа ангажирани да ги обезбедуваат објектите на државната управа низ државата мораше да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување.

Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не.

Компанијата Никоб Обезбедување останува посветена на високите стандарди за работа и давање на врвни услуги од нашиот домен на работа. Ние и понатака ќе одговараме на барањата на сите клиенти согласно склучените договори, а според нашите високо професионални стандарди.
Создавањето искривена перцепција кај читателите не е реалната слика и вистинска информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист.

За сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса. Ова е единствениот начин на кој се создава добра пракса и доверба.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Денеска се одржа изборно собрание на МБСК

А1он

Јубилејни награди од НИКОБ за вработените со 10, 15 и 20 годишен стаж

Горан Наумовски

Никоб Медикал со ексклузивен промотивен пакет за месецот на мажите – мовембер

Горан Наумовски

НИКОБ Групацијата со најголема доверба за безбедноста кај странските уметнички имиња, концерти и спортски натпреварувања

Ана Ололовска

ОК Струмица Никоб убедливо го победи холандскиот шампион во одбојка Динамо Апелдорн во Цев Лигата на шампиони, но немаше среќа во „златниот сет”

Горан Наумовски

ОК Струмица Никоб ги отвора вратите за навивачите за дуелот со Динамо од ЦЕВ Лигата на шампионите

Катерина Ѓуровски