Слободни 8.459 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Од:

На пазарот на труд во Македонија има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264, се во групата „работници во услужни дејности и продажба“. По нив следат работниците од групата „техничари и средни занимања“ каде има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини“ со 1.221 работно место. Има слободни 858 работни места за службеници.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,67 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“ и таа изнесува 5,08 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде е 0,21 процент.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,44 проценти имаат фирмите со три до девет вработени.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.35 проценти, по што следи Источниот со 2,2 проценти, Југоисточниот со 1,83 проценти, Југозападниот со 1,70… Во Скопскиот регион стапката на слободни работни места е 1,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

А1он

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ