„Слејт“: Грците ги „кријат“ парите во германски автомобили

Од:

Во обид да ги спасат своите заштеди, Грците наоѓаат различни начини за инвестирање на парите, меѓу кои е и купувањето германски возила, објави француксиот електронски весник „Слејт“.

– Од почетокот на годината банкарските заштеди во Грција се намалија за 15 проценти, а само во април од земјата се одлеале околу седум милијарди евра. Интересно во целиот случај е тоа што своите заштеди од банките во најголем број ги повлекуваат припадниците на средната класа, наведува порталот, доадавјќи дека најбогатите Грци уште одамна „ги изнеле своите пари надвор од границите“.

Весникот посочува дека по повелкувањето на заштедите од банките приепднците на средната грчка класа парите „не ги кријат под душек“, туку ги инвестираат во различни стоки, вклупително и луксузни.

– Така, продажбата на нови германски возила во Грција во април пораснала за 47 отсто, наведува „Слејт“, оценувајќи дека на овој начин „Грците ги кријата своите пари во германски автомобили“.

Според поратлот, слична тнденција лани била забележана и во Русија по продлабочувањето на економската Криза, а ваковиот феномен бил воочен и во Кипар пред две години.

– По иронија на судбината, Грците кои во Германија гледаат најголем виновник за економскиот и финасикиот колапс на нивната земја, сепак се рашаваат да ги вложат своите пари во моќните германски воизло, кои ги сметаат за вредна инвезтиција, заклучува „Слејт“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески