„Скопски Оutlet саем“ од денеска до 15. јуни

Од:

Под мотото „Се за вашиот дом!“, од денеска до 15 јуни ќе се одржува саемската манифестација „Скопски Оutlet саем“. Стотици производи за домот, по несекојдневни и специјални цени, ќе бидат изложени на 7.000 метри квадратни, во три хали и на повеќе од 60 штандови.

Скопски саем минатата година ја воведе оваа манифестација која има продажен карактер и е наменета само за потрошувачите. Посетителите ќе можат да купат автомобили, бела техника, опрема за дворови и тераси, алати, опрема за домаќинство, завеси, постелнина, душеци, врати, подови…

На „Скопскиот Оutlet саем“ учествуваат повеќе компании, како Технокооп, Интер Мебел (Струмица), Интер Мобел (Тетово), Јуниор, Федербау, Фејдом, Леснина-Ми, Фатина, Софа студио, Интер фантазија, Кристина Дамил, Симак-Симпо, Југоекспорт Стил, Цептер, Тач…

Влезот за сите посетители на „Скопскиот Оutlet саем“ е бесплатен. Организаторите очекуваат повеќе од 50 илјади посетители.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска