Скијачки центар ќе никне на планината Јабланица

Од:

Жичница долга околу 3,5 километри ќе се гради на врвот од планината Јабланица за што деновиве ќе биде распишана и тендерската постапка.

Според градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, скијачкиот терен ќе се изгради на месноста викана Голина, а проектот ќе биде изграден најверојатно со јавно-приватно партнерство.

– Документацијата е подготвена и деновиве ќе се распише тендер за изведувач. Најверојатно ќе биде странски изведувач и мислам дека се заинтересирани Австријци. Сето тоа ќе чини околу 250 илјади евра, појасни Угриноски.

Пред десетина дена, додаде тој, претставници на МЕПСО биле на терен и констатирале дека на ова место има одлични услови за развој на зимскиот туризам. Експерти од Хирдрометеоролошкиот завод вршеле испитувања и поставиле мерни станици за да утврдат колку време се задржува снегот на врвот од Јабланица, каде што ќе се гради зимскиот центар.

– Поволност е што снегот на планината се задржува седум месеци. Паѓа во ноември, а се топи во мај и го има во големо количество. Кога ќе се изгради жичницата Охридското Езеро ќе се гледа како на дланка. Природата е многу убава, планината е питома, а до скијачките возила ќе може да се оди со автомобил, рече Угриноски.

Откако ќе почне реализацијата на проектот предвидено е да биде готов за 12 месеци.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња