Шулц: Финансиската состојба на Грција е опасна

Од:

Грција на краткорочен план има потреба од две-три милијарди евра доколку сака да го избегне банкротот, изјави претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц за германското радио.

Оваа изјава доаѓа непосредно пред почетокот на денешната средба на Европскиот совет во Брисел, оценувајќи ја финансиската состојба на Грција како „опасна“, информира весникот „Етнос“.

Мартин Шулц појасни дека Грција на крајот од овој месец треба да изврши и други плаќања, дека банките во земјата имаат потреба од пари и дека можноста на Централната банка да дава повеќе пласмани е речиси пред исцрпување.

Тој додаде дека за Грција ќе биде подобро да ги исполни своите задачи, за кои обврската ја презеде претходната Влада на Самарас, и тогаш во земјата ќе влезат повеќе пари. Шулц подвлече дека грчката Влада треба да покаже поголема волја за соработка со своите европски партнери.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески