Што ќе и е на Украина зона за слободна трговија?

Од:

Последиците од основањето на зона за слободна трговија на ЕУ со Украина за Русија ја разгледуваат експерти во Брисел. Европа се обидува да ја убеди Москва дека асоцијацијата на Киев со неа не претставува никаква закана по руската економија. Иако Русија инсистира на ревидирање на одредени ставови од договорот, во спротивно се заканува дека ќе преземе соодветни мерки. Притоа некои аналитичари истакнуваат дека и самите киевски власти се обидуваат по можност да го одложат процесот. Иако, секако, не зборуваат директно за откажување од асоцијацијата.

Економскиот дел од договорот за асоцијација со ЕУ, Киев го потпиша на 27 јуни. Според изјаватат на Брисел, зоната за слободна трговија Украина – ЕУ, треба да обезбеди постепена интеграција на украинската економија во внатрешниот европски пазар. Но, не е се така едноставно. Тоа што остана од украинската економија, ориентирано е на рускиот пазар. И во поглед на украинското производство на руската граница до денес делуваат одредени повластици. Сите овие фактори ќе се претворат во голема штета за Русија, во своето неодамнешно излагање потенцираше рускиот претседател Владимир Путин:

Според најскромните оценки, вкупната штета за економијата на Русија може да достигне до 100 милијарди рубљи. Поточно, во првата етапа три милијарди долари. На удар ќе се најдат цели сектори на нашата индустрија и земјоделие – со сите последици по темпото на стопанскиот раст и вработеноста кај населението. Ние ги сфаќаме нашите европски партнери – тие и сега многу добро го освоија украинскиот пазар и сакаат да земат се што таму е останато, за да ги потиснат сите останати.

Како што забележа претседателот, уште состојбата ја отежнува тоа што помалку конкуретното во споредба со европското, украинското производство ќе биде истискувано од пазарот на самата Украина. Целиот овој тек ќе почне пред се во Русија, како и други земји на Царинскиот сојуз. Покрај тоа, со назнака за украинска, за да се избегнат таксите, преку граница ќе појде и европска стока.

Руските експерти не појдоа во Брисел со празни раце: Москва подготвува конкретни предлози за намалување на можните ризици. Основна закана Русија гледа во сверата на либерализацијата на тарифите, царинското администрирање, техничкото регулирање. Покрај тоа, Министерството за економски развој се плаши од прилив на половни автомобили од Европа, кои можат да стигнат во Русија преку Украина. Можат да се зголемат и трошоците за бизнис поради комплицираните царински процедури.

А нулта таксите на автоделовите кои во Украина се испорачуваат од ЕУ се закануваат да ги анулираат напорите на руските власти на стимулација на локализација на автомобилско производство во Русија. Усвојувањето на овие правилници и стандарди на ЕУ од страна на Украина ќе ги принуди руските производители и извозници да добијат нови сертификати за производство, што ќе предизвика големи финансиски трошоци и ќе доведе до загуба на дел од пазарот.

Во Русија постои загриженост и поради разликите со ЕУ во сверата на примената на санитарните и фитосанитарните мерки за контрола и оценките за квалитет на производството.

Но, најважно е што и Украина од тој договор нема да добие ништо. Дури, на Украинската економија конечно може да се стави крст – тоа го покажува искуството на евроинтегрираните Бугарија и Романија. И Киевските власти тоа одлично го сваќаат, верува заменик директорот на рускиот Институт за стратешки истражувања Михаил Смолин:

Киевските власти ја сфаќаат неповолноста на овој договор од економска гледна точка. И распуштањето на парламентот, по повод овој настан, други зборуваат за тоа дека тие исто така сакаат да се одложи неговата ратификација. Но, мислам дека ЕУ ќе ги притисне и дека тие ќе ги ратификуваат договорите неповолни за себе. Друго прашање е кога тоа ќе се направи. Дали киевските власти ќе можат да ја одбранат неопходноста за ратификација на договорот во состав на Раде, или ќе ги натераат да го усвојат уште во овој состав.

Руските власти повеќе пати потенцираа дека немаат намера да седат со скрстени раце во таа ситуација. Ако не појде од рака да се постигне договор, Москва ќе биде принудена да преземе возвратни мерки. Меѓу другото, Русија ќе ги лиши украинските производители од можноста за слободен увоз на стока во рамки на зоната на слободна трговија ЗНД и ќе ги префрли на режим на најголема поволност. Тоа подразбира дека стоката од Украина ќе се даночи со такси чија висина не е во спротивност со нормите на СТО.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје