Шпанија ќе привлекува странски туристи со нова кампања

Од:

За да  привлече странски туристи во време кога повеќето жители на планетата не размислуваат за одмор поради пандемијата, шпанската Влада започна меѓународна кампања за да порача дека е безбедна земја и најави програма од 4,2 милијарди евра за помош на своите туристички компании.

Кампањата „Spain for sure“ официјално ја отвори шпанскиот крал и кралица во Музејот дел Прадо во Мадрид, само три дена пред Владата да ги отвори своите граници за странските туристи.

Со оваа кампања, Владата сака да им испрати порака на патниците кои се подготвуваат за годишни одмори дека Шпанија е безбедна здравствена дестинација.

Лани повеќе од 80 милиони туристи ја посетија Шпанија, што беше рекордна година, но сега нејзините плажи се празни, хотелите допрва ги отвораат своите врати, а околу еден милион туристички работници неизвесно чекаат да се вратат на работа.

За да се спречи ширењето на инфекцијата, Владата забрани туристички патувања на 14 март и затворени граници, освен за итни случаи и прекугранични работници.

В понеделник, границите повторно ќе бидат отворени за патниците од земјите на Европската унија, без обврска за самоизолација кога ќе влезат во Шпанија.

Иако на 1 јули го најави отворањето на границите, Владата одлучи да ги отвори една недела порано за да ги намали штетите за економијата.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски