Шеста Меѓународна конференција за човечки ресурси HR EXPO

Од:

Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, денеска во Скопје ќе се одржи шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси HR EXPO.

Конференцијата ќе ја отвори заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Собирот е поддржан и од European Association for People Management-ЕАПМ.

На форумот ќе учествуваат високи претставници и еминентни имиња, како што се сегашниот и претходниот претседател на ЕАПМ,  Изи Бехар и  Филипо Абрамо,  Барбара Лукман Јагодич, претставник од Триглав групацијата од Словенија,  Раинер Јенсен, поранешен директор за организациски развој и едукација во Компанијата Кока Кола во Германија и проф. Џовани Серафини од универзитетот Шефилд и Сити колеџот. Тие ќе го споделат своето искуство и знаење за најдобрите HR – практики.

На конференцијата ќе биде прогласен HR менаџерот на 2014 година по неколкумесечниот процес на селекција.

Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR Training ЕXPO, можност за промоција на програмите и услугите на сите заинтересирани компании и институции кои се дел од формалното и неформалното образование во РМ, пред присутните ХР менаџери и претставници на бизнис секторот.

Конференцијата ќе се одржи во просториите на М6 Едукативен Центар.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска