Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Од:

Вкупниот број на работоспособно население на Западен Балкан е намалено за 400 илјади луѓе во последните пет години, а одливот на квалификувани кадри е најголемиот предизвик во оваа деценија за Западен Балкан, изјави денеска во Сараево генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на регионална конференција посветена на намалување на сивата зона на вработени што ја организира РСС во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ), Брегу појасни дека оваа бројка се должи на негативниот природен прираст, но и на забрзаните процеси на миграции.

„Според Светска банка речиси половина од компаниите во регионот, 49, 2 отсто, се натпреваруваат со неформални компании. Стапката на неформалното вработување во регионот се движи од 18 до 30 отсто“, рече Брегу.

Таа додаде дека според официјалните податоци „во изминатите седум година на Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места и дека стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 на 16 отсто…Меѓутоа, не сите ги почувствуваа предностите на овие економски подобрувања на пазарот на трудот во изминатата деценија“.

На регионалната конференција на која учествуваат министрите за труд и социјална политика од земјите од Западен Балкан беше претставен проектот ЕСАП2 – Платформа за вработување и социјални прашања, што го спроведува РСС со помош на МОТ и со финасиска поддршка од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Балканската мафија е клучна во шверцот на дрога во ЕУ

Брегу: Западен Балкан е важен за зачувување на мирот на источните граници на Европа

А1он

Борел: ЕУ е најголем инвеститор на Западен Балкан

А1он

Чучи: Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан од посебно значење

Ана Ололовска

Шолц: Време е да се надминат внатрешните конфликти во Западен Балкан

А1он

Светска банка: Растот на БДП во Западен Балкан забавува, инфлацијата е висока