Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс“

Од:

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.

Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.

По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.

На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс“ почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок.

„Нордвинд ерлајнс“ е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс“ транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас“ и „Боинг“.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо