Секој вработен во „Икеа“ ќе добие по 3.000 евра бонус

Од:

Шведскиот гигант за мебел „Икеа“ ќе ми подели на сите вработени со цело работно време по 27.000 круни (нешто помалку од 3.000 евра) во рамки на својата годишна бонус-програма.

Вишокот плата во форма на бонус ќе биде наменет за засилување на пензиите на вработените, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

„Икеа“ вкупно ќе одвои 100 милиони евра за споменатата програма во 2014 година. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите земји каде што оваа шведска компанија има своја дејност, се наведува во прес-соопштението што денеска го објави „Икеа“.

Сумата од 3.000 евра годишен бонус се однесува само на вработените во Шведска, при што сите оние кои работеле повеќе од пет години, ќе добијат ист бонус без оглед на висината на нивната плата или позицијата што ја имаат во компанијата.

Исплатата на средствата ќе се случи кога вработениот ќе замине во пензија.

Бонус-програмата на „Икеа“ е наречена „Благодарам!“ и започна да се реализира лани кога компанијата првпат одвои еднократна сума за вработените во висина од 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло