Секој четврти жител на ЕУ е сиромашен

Од:

Мерките на штедење што се спроведуваат во јавниот сектор направија 123 милиони луѓе во ЕУ, односно секој четврти жител на Унијата, да се смета за сиромашен во актуелниов миг, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Ова во својот најнов извештај го укажува Меѓународната организација на трудот (ИЛО), при што под категоријата сиромашни се мисли на лица кои добиваат помалку од 60 отсто од просечните приходи во рамки на ЕУ.

Според ИЛО, како што пишува „Дагенс нихетер“, економската криза и мерките на штедење како нејзина последица, пред се ги имаат погодено најслабите слоеви на населението и тоа во текот на еден период кога нивната потреба од поддршка била најизразена.

На повеќе од 70 отсто од светското население му недостига социјална заштитна мрежа во доволен обем, смета ИЛО.

Меѓународната организација на трудот е основана во 1919 година и нејзиното седиште се наоѓа во Женева. ИЛО се залага унапредување на социјалната правда и хуманите работни услови како претпоставки за мир и соработка меѓу нациите, како и против злоупотребата на детскиот труд и трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески