Седумстотини апликации пристигнати на јавниот повик на Фондот за иновации

Од:

Македонските микро, мали и средни претпријатија покажуваат голем интерес за новиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој со кој ќе се кофинасираат нивните проекти. Досега во Фондот стигнале преку 700 апликации, а јавниот повик е отворен до 11 декември. Ова беше нагласено на денешната презентација на јавниот повик на Фондот пред прилепската бизнис заедница.

Според Бранислав Маркоски од Фондот за иновации и технолошки развој на располагање за проектите кои фондот ќе ги кофинасира со грантови од 85 насто од проектот се еден милионевра со финансиска помош на Светска банка.

– Станува збор за јавен повик за новоосновани старт-ап и спин-оф друштва. Право на аплицирање имаат новоосновани микро, мали и средни претпријатија, не постари од шест години, кои не треба да имаат годишен приход над еден милион евра и да се во доминантна сопственост на македонски државјани. Компаниите аплицираат за кофинансирачки грантови, односно, со 85 насто финансира Фондот за иновации, останатите 15 проценти се на компаниите и вредноста е до 30.000 евра. Една компанија може да аплицира со повеќе различни проекти, а средствата да се користат за плати на вработени, за опрема, истражувачки, лабораториски, консултантски активности. Изборот на апликантите го прави комитет од странски бизнис-луѓе, професори во бизнис фелата, луѓе со искуство во бизнисот. Имаме строго утврдени критериуми, меѓу кои: се оценува квалитетот на проектот, неговиот пазарен потецијал, односно колку може производот, услугата да се комерцијализира на пазарот, ги цениме ангажираните луѓе во проектот и влијанието на проектот од сите аспекти – влијание врз животната средина, социјалниот импакт, објаснува Маркоски.

Дејан Игов, од прилепската компанија „Чавле мебел“ која произведува мебел за домашни и услови во угостителството, еден од заинтересираните апликланти во Прилеп, вели дека размислуваат за повеќе проекти.

– Ова е интересно за искористување на обновливи извори на енергија, искористување на отпадокот на дрво и сунѓер за да се користат во производството. Не интересира и дали и како има влијание и на другите проекти кои се со поголема вредност. Овде може да учествуваме со мали проекти зашто и износот на средства е мал, вели Ингов.

Борче Јанкулоски, раководител на одделението за локален економски развој при општина Прилеп нагласува дека компаниите ќе ја имаат помошта од општината за дополнителни обуки за поголемо искористување на средствата и зголемување на вработувањата.

-Целта е на помалите компании во Прилеп да им се презентираат можностите за финансирање на нивните проекти, со цел да се генерирате поголем број работни места, да се зголеми нивниот пазарен потенцијал, да вработуваат висококвалитетни кадри кои би останале во државава. Намерата како општина ни е да поддржуваме вакви проекти и иницијативи и да им помагаме на нашите компании да дознаат повеќе информации и индиректно, доколку е поптребно, организираме и дополнителни средби и обуки за да може да поднесат квалитетни апликации и да се зголеми искористеноста на средствата од ваквиот тип на фондови на територијата на општина Прилеп, вели Јанкулоски.

Би можело да ве интересира

WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

А1он

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска

Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средни компании

Ана Ололовска

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

Нова македонска стартап иновација за помош на најзагрозената индустрија од пандемијата со КВИД-19

Ана Ололовска