Се уште не е постигнат договор за рускиот гас

Од:

Претставниците на ЕУ, Русија и Украина денеска не постигнаа договор за украинскиот долг за рускиот гас, кој се заканува да го загрози снабдувањето со гас во голем дел на Европа.

– Се уште не најдовме излез од кризата, изјави еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер, кој посредуваше во денешните повеќечасовни преговори во кои учествуваа рускиот министер за енергија Александар Новак и неговиот украински колега Јури Продан.

Продан истакна дека „не може да се прифати понудата на Русија“, додавајќи дека цената на рускиот гас е дискриминирачка и значително поголема од пазарната.

Руската страна претходно соопшти дека во знак на добра волја е подготвена да ја намали цената на гасот за Украина за 100 долари ретроактивно од 2010 година, така што би изнесувала околу 384 долари, наместо 485 долари за милион кубици гас.

Со тоа украинскиот долг за гасот, кој според руска пресметка надминува пет милијарди долари, значително ќе се намали, а министерот Новак изјави дека Русија ќе продолжи со редовни испораки на гас доколку Киев уплати дел од долгот до понеделник.

Освен тоа, рускиот министер нагласи дека Москва е подготвена да се откаже од барањето гасот во иднина да и се плаќа однапред.

– Надвор од оваа рамка не можеме да одиме, а што ќе се случи понатаму зависи од тоа што ќе направат другите две страни до понеделник, порача Новак.

Тројцата претставници најавија дека за овој проблем во текот на следните денови ќе се одржат консултации на највисоко ниво и подготвени се за продолжување на преговорите.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра