Кризата ги погодува и општините и поради тоа имаат намалена наплата на приходите, иако согласно последните податоци за долговите на општините се закучно со 31 март не може да се забележи некое влошување затоа што тоа е пред започнување на кризата, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Општините се подеднакво погодени од кризата и имаа одредени барања за помош од буџетот, но кога сме во тешка ситуација и криза знаете дека опцијата за доделување дополнителни средства е доведена во прашање, кога сите треба да менаџираат согласно своите буџети и да ги намалат своите расходи. Во тој контекст беше донесена и одлука на влада за намалување на сите јавни претпријатија тековните расходи за 15 отсто. Последните податоци за долговите на општините се закучно со 31 март и не може да се забелеќи некое влошување затоа што тоа е пред започнување на кризата, напротив се забележува подобрување, но пред се тие сега имаат потешкотии во реализацијата на своите буџети и истите верувам ќе пристапат кон ребаланс на сопствените средства, рече Ангеловска.
Во одговор на новинарско прашање за тоа за колку ќе се намалат приходите на општините во вториот квартал и кои општини би биле најпогодени, рече дека ваква анализа Секторот при Министерството се уште нема изработено бидејќи сите општини не ги доставиле реалзиациите за првиот квартал.
– Одделението задолжено за следење на единиците за локална самоуправа е во постојан контакт со општините. Сега некои општини доставуваат ребаланси ние сме во постојан контакт ги следиме. Се работи за обемни податоци со оглед на бројот 80 единки на корисници и ако имаме соодветни проекции ќе информираме, но како што кажав намената со независноста, децентрализацијата е самите тие да бидат одговорни со управување на своите буџети и јавните финансии, рече министерката.