За пејачи и изведувачи општините трошат еден милион евра годишно

Од:

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации. Истражувањето покажа дека:

• Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.

• Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра.

• Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка платила 25 илјади евра.

• Сепак, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапи, во Берово и во Штип.

• Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра.

• Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес.

• Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки.

• Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци.

Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување на некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година. Притоа, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци.

Истражувањето е направено според податоците добиени од општините врз основа на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Би можело да ве интересира

Истражување: Тендери за невидливи пешачки премини

Тендери без крај, енормно зголемена вредност, 13 експерти платени колку 92 работници – ЦГК објави три спорни случаи

ЈСП вози со половина од капацитетот: автобусите се стари, бројот на патници драстично намален

Катерина Ѓуровски

Општините потрошиле речиси 800 илјади евра за новогодишно украсување: една фирма добила најголем дел од тендерите

Катерина Ѓуровски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра за јавни набавки во 2024 година