Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Од:

Со рекордно ниво на капитални инвестиции од 400 милиони евра и најголем приход од патарини досега – 62 милиони евра, што е 100 отсто зголемување во однос од пред три години, Јавното претпријатие за државни патишта ја завршува 2023 година. Директорот Ејуп Рустеми вечерва во отчет за сработеното и за плановите во наредната година соопшти дека годината е успешна и по тоа што е почнат проектот за изградба на 110 километри автопатишта од коридорите 8 и 10д со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“, кој според планот треба да биде завршен за четири години и седум месеци.

Проектите на ова ЈП се одвиваат во повеќе години, така што од 2021 – 2023 година се завршени и во фаза на реализација околу 900 километри патна мрежа.

-Од нив во овој период се изградени, реконструирани и рехабилитирани државни патишта во должина од 630 километри. Во моментов имаме уште 160 км автопатишта што се во тек на изградба, 51 км експресни патишта и изградба и рехабилитација на 65 километри регионални патишта со инвестициска вредност од над две милјарди евра. Сите овие завршени проекти и проекти во тек говорат дека оваа година не застанавме и токму затоа можеме со гордост да известиме дека имаме уште еден рекорд – инвестиции што достигнаа 400 милиони евра, рече Рустеми.

За 2024 година, покрај тековните активности кои ќе продолжат и догодина, предвидени се и изградба на нови патни правци со проценета вредност во висина од 367 милиони евра.

-Годината што доаѓа сме исто така со амбициозни планови и проекции. Заедно со моите вработени на кои сум благодарен што посветено работат на проектите спремни сме за нови рекордни бројки. Градиме за идните генерации, градиме за иднината на нашата држава, градиме за да се поврземе со светот, рече Рустеми.

Би можело да ве интересира

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

Орце Костов

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Завршува обновата на автопатската делница Катланово-Петровец

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он