СДСМ: Успешните политики во земјоделството продолжуваат, земјоделците да аплицираат за мерките што им се на располагање

Од:

„Политиките на СДСМ продолжуваат во насока на реализација на мерките во земјоделството како еден од клучните двигатели на нашата економија.

Иако министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со техничката Влада доби дополнителен-заменик министер за овој ресор, спроведувањето на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, продолжува без никакви пречки.

Тоа значи дека и во следниот период Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, продолжува со планот и програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019 година, односно исплатата на субвенциите продолжува според календарот за исплата“, велат од СДСМ.

„Земјоделците можат да бидат спокојни, нема поништување на објавените јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште под закуп. Тие сеуште можат, заклучно до 22 овој месец, да аплицираат на четири вакви активни јавни повици.

Непречено и согласно динамиката продолжува и реализацијата на инвестициите во водостопанската инфраструктура. Тоа се изградбата на брани и современи системи за наводнување, малите еколошки системи за наводнување и други инвестиции во водостопанството кои ќе овозможат наводнување на нови над 28 илјади хектари земјоделска обработлива површина.

СДСМ за само две и пол години покажа што значи вистинска грижа за земјоделството и земјоделците. Потврда за тоа се навремените и неселективни субвенции, исплатата на наследените долгови кон земјоделците, бројните мерки како зелената нафта, млад земјоделец, поддршката на жените земјоделки, навремен откуп и исплата на земјоделските производи и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %.

2019 година е историска година во која државата, предводена од СДСМ за прв пат не плаќа пенали за неискористување на европските средства преку ИПАРД програмата.

Функционирањето на институциите во интерес на граѓаните останува врвен приоритет на СДСМ.

Нема да дозволиме граѓаните да бидат жртви на притисоци, блокади, дневни препукувања во предизборниот период.

Притисоците, селективноста и злоупотребата на институциите не биле ниту ќе бидат одлика на СДСМ, како што тоа го правеше претходната Влада“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов