СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повисоки плати за мотивирани работници и задоволни граѓани

Од:

„Ребалансот на Буџетот и кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обезбедуваат поддршка за домашните претпријатија и зголемување на минималната плата на 12 000 денари и натамошен севкупен раст на платите за задоволни граѓани и мотивирани работници.

Остварувањето на предвидените мерки за повисока минимална плата ќе се реализира во интензивна соработка и солидарност помеѓу стопанствениците, работниците и државата, со крајна цел за севкупен раст на платите и повисок економски раст.

Со поддршката за домашните претпријатија, за прв пат во историјата работниците во кожарската, текстилната и индустријата за обувки нема да бидат дискирминирани и ќе земаат идентична минимална плата како и работниците во останатите индустрии. Покрај покачувањето на минималната плата, при вчерашната посета на Штип владината делегација најави дека ќе бидат ослободени финансиски средства за поддршка на проектот на владата за субвенционирање на годишните одмори на најниско платените работници, како и пакет на мерки со кои ќе се изедначат условите за работа на домашните со странските инвеститори.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано се помеѓу граѓаните и работниците и за време на подготовка на мерките што носат подобар живот за сите и за време на нивната реализација“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Учебната година со физичко присуство се одвива успешно

Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност

СДСМ: Мицкоски нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец

А1он

Кузеска: Мицкоски подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи

СДСМ: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните