СДСМ: Расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше единственото економско цунами, Мицкоски да се извини наместо да го следи Груевски

Од:

„Единственото економско цунами беше 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на палми, споменици, лажен барок и криминални тендери, додека граѓаните и државата тонеа во сиромаштија и долгови.

Со таквото расипничко однесување, ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски, го зголеми јавниот долг за три пати во апсолутна вредност, а парите од скапите и нетраспарентни задолжувања ги трошеше за остварување криминални интереси.

Пустошот што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го оставија после 11 години криминално владеење, владата на СДСМ за само 10 месеци го санираше и создаде услови за сериозни придвижувања на економијата.

Јавниот долг, како процент од БДП за првпат е намален токму во 2017 година!

Бруто домашниот производ, кој постојано бележеше пад по формирањето на новата влада забрзано расте!

Околу 90 илјади граѓани имаат повисока плата, покачена е минималната плата на 12 илјади денари а просечната плата надмина 24 илјади денари, односно бележи најголем раст од 2010 година!

Во јануари и февруари 2018 година, повратот на ДДВ за фирмите е дури за 1,3 милијарди денари, односно за 50% повисок во однос на истиот период во 2017 година.

Апсурдно е да се тврди дека Владата нешто крие од граѓаните, во услови кога е обезбедена најголема фискална транспарентност досега.

Наместо да шири лажни вести и да го следи Никола Груевски, Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да се дистанцира од неговите поразени политики.

Владата предводена од СДСМ ја носи Македонија кон економски раст наспроти политиките на економска пропаст, и ја води земјата напред!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ