СДСМ: Пет факти зошто нашите мерки во енергетиката се шампионски

Од:

„Факт 1: Цената на струјата престана да расте и се стабилизира. Денес, со политиките на СДСМ имаме најниска цена на струјата во Европа. За разлика од криминалното време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016, кога цената на струјата се покачи за 100%.

Факт 2: Ја вративме евтината тарифа на струјата што ја укина ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, против можноста граѓаните да заштедат.

Факт 3: СДСМ го зголеми домашно производство на струја, не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%. Цената за која се купуваше струја беше над 200 евра.

Денес, ЕСМ не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Факт 4: ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аерозагадувањето. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Факт 5: Како директор на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски ја водеше најлошата енергетска политика во земјава а цената за тоа ја платија граѓаните од своите џебови. Во времето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе 100%, земјава увезуваше енормно скапа струја а ЕЛЕМ парите на граѓаните ги фрлаше на рајски градини“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов