СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Од:

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година. Е ова се резултатите од работењето на „Дрим тимот“ во енергетиката на Мицковски и Божиновска.

Ова е реалноста, а не нивните манипулации, и лажни вести пред своите членови на партиските трибини, за да си ги оправдаат неспособните кадри кои ги поставија.

Ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, која замислете првпат во историјата во првиот квартал потфрли во својот план за производство за цели 35%, во бројки видовме дека загубата е цели 45 милиони евра.

Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија.

Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година.

Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божино вска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа.

Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, “Македонија со јасна енергетска визија” а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал.

Очигледно од досега сработеното е следното, Визијата е да се пропадне ЕСМ најмногу што може. Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава.

Им порачуваме на актерите кои глумат директори во ЕСМ, дека народот не го интересираат вашите смешни соопштенија, изговори и фалби колку сте биле добри, туку резултатите кои никогаш нема да ги остварите бидејќи сте неспособни, наведуваат од СДСМ.

Скопје, 19.07.2025

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност носи нови економски предизвици, приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните

Хајделберг факултет: Дуалното образование е клучот за поврзување на младите со компаниите и за создавање кадар подготвен за реалната економија

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан