СДСМ: Финансиската поддршка за исплата на плати спаси стотици илјади работни места

Од:

„Една од најуспешните економски мерки за помош на граѓаните и на компаниите погодени од пандемијата со коронавирусот е финансиската поддршка за исплата на плати, со која се спасени стотици илјади работни места во десетици илјади компании.

Само во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари односно близу 48 милиони евра.

Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании“, велат СДСМ.

„Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени.

СДСМ и институциите кои ги предводи во време на најголемата светска здравствена и економска криза одговорно, посветено со навремени и сеопфатни мерки застана зад секој поединец, зад секоја компанија која има потреба од помош.

Преку четири пакети економски мерки 1,2 милијарди евра завршија директно кај граѓаните и кај компаниите.

Но не застануваме тука, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да започне наскоро за да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на еднаква грижа за сите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов