СДСМ Дебрца: Каде се осумте мини винарии во Мешеишта?

Од:

„Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за парламентарните избори во 2008 година, позната како “Преродба во 100 чекори-надоградена и проширена “, во рамките на проектот “100 мини винарии” беше ветена изградба на осум мини винарии во Мешеишта. За таа цел, претходната локална власт донесе и Урбанистички план за местноста “Лабинци”, каде што требаше да бидат изградени винариите.

Ако ја погледнете веста објавена на ден 20.12.2012 година на официјалната веб страница на Владата на РМ, http://vlada.mk/node/5391, ќе ја прочитате изјавата на тогашниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски во која кажува дека во село Мешеишта, од почетокот на 2013 година ќе се градат првите четири мини винарии, кои освен што ќе значеле дополнителна туристичка атракција за Охрид, ќе овозможеле и нови вработувања, бидејќи во секоја од мини винариите се планирало да бидат вработени по 25 лица.

И покрај толку многу ветувања, винариите ги нема, а Лабинци остана празно.

И токму затоа,  доблесно ќе беше во свечениот говор на отворањето на манифестацијата “Ноќ на виното”, градоначалникот Трајкоски да објасни зошто не се изградени ветените мини винарии, зошто не е изграден откупно-дистрибутивниот пункт за земјоделски производи  во село Мешеишта или како тоа го промовира виното од Мешеишта, а на местото од лозовиот насад на поранешната ЗЗ “Славеј” планира изградба на индустриска зона!?

Наместо одговор,  на земјоделците им се приредуваат манифестации, организирани по исти терк, од кои бенефит имаат само неколкуте естрадни уметници, скапо платени со општински, односно народни пари.

За жал, истата констатација важи и за манифестацијата “Ноќ на виното”, организирана од партиското здружение “Редеш”, од село Мешеишта. Имено, се работи за здружение, основано пред неполн месец, во кое како основачи фигурираат член на ОК ВМРО ДПМНЕ-Дебрца, претседателот на Унија на млади  сили  ВМРО ДПМНЕ-Дебрца , претседателот на МК ВМРО ДПМНЕ-Мешеишта  и партиски членови, кои во изминативе години сите редум добија вработувања во државни или општински органи и институции“, се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата