Сарафимов: Нема покачување на цената на месото, оти житото е со ниска цена

Од:

Цената на месото нема да се зголеми, дециден е потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов, кој воедно е и еден од поголемите производители на месо во штипско-карбинскиот регион. Тој денеска посочи дека токму ниската цена на јачменот и пченицата оваа година ќе ја одржи иста цената на месото.

Според него, житото годинава бележи намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото.

– Нема да има покачување на месото оти житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекотопроизводителите го намалија, од 35 на 30 денари, вели Сарафимов.

Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, односно фармерите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов.

Цената на јачменот оваа година беше девет денари, а потоа падна уште повеќе на осум денари за килограм. Земјоделците се жалеа на проблемот дека никој не го откупува житото.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов

Махрез заврши во болница

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Во ЕУ храната е поскапена 11, кај нас 46 отсто, правиме обиди да докажеме дека има договорање цени

Катерина Ѓуровски