Четири компании пријавија блискост со Самак, Ласкова, Адеми и Донев

Од:

По повикот на Фондот за иновации и технолошки развој до 77 компании кои добија средства од првиот повик од Планот за економски раст да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат лице коешто е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство, се јавиле само четири компании.

По истекот на рокот од 15 дена, се јавила фирмата „Микросам Прилеп АД“, каде што акционер е Веле Самак, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, со 30 мај, 2017 година

Се пријавила и фирмата „Контура ДОО Скопје“, каде Елена Донева е сопственик, и е член на потесно семејство на Јован Донев поранешен амбасадор во МНР на Република Македонија, функцијата ја извршувал заклучно со 28 февруари, 2017 година

Другит две фирми се „Т-Сенс консалтинг ДОО Скопје“, каде Мерита Адеми, малцински содружник во фирмата е член на потесно семејство на Асаф Адеми, министер за култура во Владата на Република Македонија од 1 јуни, 2018 година. Од страна на компанијата до Фондот е доставено и известување за извршена промена на сопственичката структура односно бришење на лицето Мерита Адеми од истата.

Последната фирма е од снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез, која е еден од сопствениците на „Декодикс ДОО експорт – импорт“ Скопје. Таа декларирала поврзаност, како член на потесно семејство на Цветанка Ласкова, посебен советник во Канцеларијата на Претседател на Владата на Република Македонија, иако како што се наведува „посочената советничка не била носител на јавна функција“.

Инвестициските проекти на овие четири компании ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот.

За останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура продолжува постапката за склучување на договори за реализација на инвестициските проекти.

Сепак, на листата ја нема Кодинг –Горска која доби 296 илјади евра, а проблем во доделувањето на средствата беше што вториот човек во компанијата кој е директор на производство, истовремено е претседател на општинската организација на СДСМ во Кавадарци.

Етичкиот проблем не е само во тоа дали е некој носител на јавна функција, туку и дали е носител на партиска функција, со што има влијание во одлучувањето на институциите.

Скандалот околу доделените средства изби откако вицепремиерот Кочо Анѓушев сам на себе си додели 160 илјади евра, поточно на фирмата „Каст инвест“ во која е ко-сопственик. Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, неговиот кум и уште еден бизнисмен. Анѓушев се бранеше дека не гледал конфликт на интереси, бидејќи бил транспарентен, но мораше да се повлече. Премиерот не го разреши зашто не можело да се најде замена за Анѓушев.

Освен Анѓушев, се откри и дека печатницата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец добила 162 илјади евра од Фондот за иновации, за набавка на печатарска машина.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска