Самарас вети обновување на економијата од следната година

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави денеска дека шестте години на рецесија, кои ја турнаа Грција во најдлабоката криза во изминатите децении, ќе завршат следната година и оти економијата на земјата ќе почне да се обновува, за во 2020 година да достигне пивисоко ниво на напредок.

Отворајќи го годишниот Меѓународен саем во Солун, Самарас истакна дека се вложени големи напори за извлекување на Грција од кризата. Тој додаде дека може да се очекува уште оваа година годишните приходи да бидат повисоки од трошоците, без да се смета справувањето со државниот долг.

Самарас рече дека Грција ги исполнила задачите за намалување на огромниот буџетски дефицит и сега останува на меѓународните кредитори да го исполнат својот дел од спогодбата.

Грчкиот премиер ја исклучи можноста за воведување дополнителни економски мерки во случај на одобрување на нов кредит од околу 10,9 милијарди евра за покривање на потребите на земјата за периодот 2014-2015 година.

– Нови мерки, освен оние за кои веќе постигнавме согласност, нема да се воведуваат. Земјата нема да издржи нови мерки, нагласи тој.

Од 2010 година Грција доби два спасувачки кредити со вкупна вредност од 250 милијарди евра.

Четири илјади полицајци беа ангажирани денеска поради очекуваните масовни протести на синдикатите во Солун, каде премиерот го одржа традиционалниот говор.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе