Во Скопје денеска ќе се одржи единствениот Младински саем во земјава на кој ќе се презентираат над 70 младински организации од Македонија и Европа.
Саемот претставува можност за сите млади, студенти, ученици, вработени и невработени на едно место да дознаат за летни размени, пракси во компании, волонтирање во локалната заедница, обуки за стекнување нови вештини…
Ќе бидат презентирани најновите трендови во младинската работа и најсовремените начини на функционирање на младинските организации ширум Европа.
Саемот е единствена можност за стекнување бројни контакти и планирање на слободното време летово, како и среќавање на над 200 млади луѓе кои секојдневно работат на политиките за млади од цела Европа.