САД се уште ќе го градат гасоводот „Набуко“

Од:

САД и понатаму цврсто ја поддржуваат изградба на гасоводот „Набуко“ и покрај тоа што нивниот партнер – британската компанија БП се повлече од проектот, изјави синоќа Викторија Нуланд, портапаролот на Стејт департментот.

„САД решително го поддржуваат „Набуко“. Американската администрација го смета овој проект за исклучително важен“, рече Нуланд.

БП, која беше една од водечките компании вклучени во изградбата на „Набуко“ од вчера се откажа од проектот поради економсата неисплатливост потврди претставник на БП, Иан Кон, кој откри дека неговата компанија и азербејцанската енергетска компанија „СОКАР“ разгледуваат можност за изграба на скратена варијанта на гасоводот наречен „Набуко-Запад“.

По изградбата гасоводот „Набуко“ треба да транпорира природен гас од каспискиот регион преку Турција, Бугарија и Романија до евопските земји, со што зависноста на Европа од рускиот гас ќе се намали.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра