Рудникот Ржаново затворен, 30 работници на улица

Од:

30 работници од рудникот „Ржаново“ на „Фени индустри“ остануваат на улица. Прогласени се за технолошки вишок по одлуката за затворање на рудникот.

„На повеќе начини се обидовме да издејствуваме нашите колеги да не останат без работа. Понудивме дури и сите вработени во компанијата да се откажат од својот никел бонус во интерес на тие на кои им се загрозени работните места но попусто.

– Нашиот рудник се затвора а руда се увезува од Гватемала“, изјавил за „Дневник“, претседателот на синдикалната организација Илија Хаџиниколов.

Градоначалникот Александар Панов ветил помош во рамките на неговите надлежности.

„Локалната самоуправа е исто така заинтересирана рудникот на „Кожуф“ да работи. Ако не работи, во општинската каса ќе бидат помалку околу милион евра кои секоја година ги добиваме за концесија на рудникот. Ние на секаков можен начин се обидуваме да помогнеме.

– Еве ќе се откажеме од донациите кои ги дава компанијата само овие работници да не останат на улица и тоа сега пред избори што секако не ни оди во прилог иако никогаш не е во ред некој да остане без своето работно место“, изјавил Панов за „Дневник“.

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

Во несреќа во рудник во Кина загинаа 10 лица, шест се водат за исчезнати

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Од рудник за бакар до позелена иднина: Животно патување на еден геолог

Катерина Ѓуровски