Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

Од:

Се стравува дека девет рудари се затрупани откако започна свлечиште во рудник за злато во источна Турција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Рудникот Коплер се наоѓа во близина на Илиќ, во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција.

Турскиот министер за внатрешни работи рече дека не е познато што се случило со деветмината рудари и дека 400 лица за пребарување и спасување се на местото на настанот. Во спасувачката операција учествува и персоналот на агенцијата за итни случаи АФАД од соседните провинции, пренесе АП.

„Има луѓе закопани под земја, нивниот број не е јасен. Потрагата и спасувањето започна“, изјави гувернерот на Ерзинџан, Хамза Ајдогду.

Градоначалникот на Ерзинџан, Бекир Аксун за Хабертурк изјави дека меѓу 10 и 12 работници се водат за исчезнати, пренесе АП.

Со рудникот Коплер од 2009 година работи Анаголд Мајнинг, а Јерликаја рече дека таму се вработени 667 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот комуникациски сателит

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски