Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

Од:

Во врска со коментарите дека целосно расчистување на сите дезинформации и заблуди креирани во врска со идниот рудник за бакар „Иловица – Штука“ ќе биде доставување на ревидирана и дополнета Студијата за влијание врз животната средина, сакаме уште еднаш да го потенцираме дека согласно позитивните законските регулативи за да доставиме ревидирана и дополнета Студија неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ со што ќе се создадат предуслови за наше постапување веднаш и без одлагање, соопштија од Еуромакс Ресоурцес.

„Писмото кое што го испративме до Министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова е гаранција дека ревидираната и дополнетата Студија за влијанието врз животна средина дефинитивно ги расчистува сите дилеми на локалното население, надлежните институции и сите останати засегнати страни поврзани со рударскиот комплекс.

Ние постапуваме со добра волја, ги разбираме грижите на јавноста и затоа со потписите на врвнитеизвршни директори на корпорацијата издаваме дополнителна писмена гаранција дека во експлоатацијата на бакарот во рударскиот комплекс нема да се користи цијанид, ниту било каква друга штетна супстанца, дека целиот технолошки процес нема да биде штетен по здравјето, животната средина и земјоделските култури кои се одгледуваат во Струмичката котлина.

Во моментов, сите постапки во однос на рудникот се во статус кво. Оваа состојба трае предолго и цениме дека нејзиното продолжување односно не донесување одлука за нашето барање, за кое нема законски пречки да биде позитивно, не е во ничиј интерес. Одлука на Владата за спојување на двете концесии кои ги има Еуромакс Ресоурцес ќе иницира отпочнување на нова постапка согласно Законот за минерални суровини. Оваа постапка нѐ задолжува нас како компанија до надлежните органи да доставиме низа од документи меѓу кои ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина и ревидиран рударски проект.

И токму поради ова, на прес конференцијата по повод испраќањето на писмото до Министерството за животна средина и просторно планирање, испративме и апел за што поскора одлука во однос на нашето барање за спојување на концесиите.

„Сметаме дека во најдобар интерес на жителите, државата и проектот е да се донесе брза одлука за иднината на овој проект – или регионот ќе добие мега инвестиција што ќе го поттикне економскиот развој во годините што доаѓаат, или ќе бидеме принудени да разгледаме други решенија за заштита на нашата инвестиција“, порача претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд, Тим Морган – Вин на прес конференцијата во вторникот.

Реализацијата на планот за изградба на рударскиот комплекс „Иловица – Штука“ претставува значителна инвестиција во износ од 340 милиони евра. Оваа иницијатива ветува дека ќе генерира приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места за време на работата на рудникот, како и дополнитени 2.500 индиректни вработувања за сервисирањето на рударскиот комплекс. Покрај неговото непосредно влијание врз вработувањето, проектот ќе даде значителен придонес во бруто домашниот производ на земјата, како и во државниот и буџетите на локалните управи вбризгувајќигодишно минумум 24 милиони евра во вид даноци и концесии. Позитивен ефект ќе има и врз локалните бизниси, каде што согласно проекциите ќе имаат годишен прилив од околу 74 милиони евра.

ПР текст

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

Во несреќа во рудник во Кина загинаа 10 лица, шест се водат за исчезнати

Од рудник за бакар до позелена иднина: Животно патување на еден геолог

Катерина Ѓуровски