Рударски и трудови инспектори на увид во пробиштипскиот рудник Добрево

Од:

Рударски и трудови инспектори направија увид во пробиштипскиот рудник „Добрево“, чиј сопственик е Индиската фирма Индо минерали и метали.

Рударскиот инспектор, Драган Димитровски по направениот увид информира дека по поплавите во јамите констатирал дека се уште има вода, иако количината е намалена за 60 проценти во однос на претходните денови. Тој истакна дека состојбата со поплавите во јамите е нормализирана благодарение на пумпите кои ги обезбедија државните институции и со кои побрзо се испумпува водата. Петстотини рудари веќе 15 дена не одат на работа и не вршат експлоатација на рудата.

И покрај тоа што рудникот е даден под концесија на индиската фирма, сепак општината и држвата пред два дена интервенираа, односно обезбедија пумпи, а на рудникот резервната пумпа веќе два месеца е во дефект.

Од страна на инспекциите е дадено налог раководството веднаш да ја набави пумпата со цел да не се случуваат вакви поплави во јамите.

Состојбата со поплавите во рудникот Добрево се нормализираат, но во јамите се уште не можат да влезат рударите.

Утринава рударски, трудови и инспектор за животна средина исто така вршеја увид и во рудникот за олово и цинк Тораница кај Крива Паланка, кој е во сопственост на истата индиската фирма Индо минерали и метали.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов