РСЕ: Поради царините на Косово, огромни загуби во Србија и во БиХ

Од:

Една година по воведувањето царини на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, финансиската штета на двете земји е огромна, додека Косово во голема мерка успеа да ги замени своите производи со производи од други земји, , јави Радио Слободна Европа.

Косовската влада воведе царини насочени кон зајакнување на домашното производство, економијата и државноста на Косово, како и заштита на виталните интереси на Косово, заради „агресивната меѓународна кампања на Србија против Косово“.

Косовската царина соопшти дека увозот од Србија и Босна и Херцеговина е намален за 99 проценти и дека увозот од двете земји изнесувал само шест милиони евра за една година.

„Вредноста на годишниот увоз на производи од Србија (пред царините) беше околу 450 милиони евра, а од БиХ околу 85 милиони евра. Една година по воведувањето на заштитни мерки во овие земји, увозот падна за 99 отсто во овој едногодишен период.Тоа значи дека увозот од Србија е намален за околу 440 милиони евра и од БиХ за околу 80 милиони евра“, рече директорот на косовската царина Бахри Бериша за РСЕ.

Што се однесува до царинските приходи, тој додава дека немало поголеми промени бидејќи производите од Србија и БиХ се заменети со производи од други земји.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе