Романија продава дел од своите акции во „Ромпетрол“ за 200 милиони долари

Од:

Романија продава 26 отсто од акциите во нафтената компанија „Ромпетрол“, што се во сопственост на државата, за сума од 200 милиони долари.

Романската Влада и „Ромпетрол“, во која доминантен сопственик е казахстанската државна компанија „Казмунајгаз“, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се предвидува романската нафтена групација да откупи 26 отсто од своите акции од Агенцијата за државни удели и приватизација на индустријата (ОПСПИ) за сума од 200 милиони долари.

Согласно Меморандумот, Романија во следните три години ќе задржи 18 проценти од акциите во „Ромпетрол“, по што ќе може да започне постапка и за евентуална нивна продажба.

Како што соопшти романската Влада, со потпишаниот Меморандум се елиминира потенцијаниот ризик од инсолвентност на „Ромпетрол“.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија