Романија ги пролонгира мерките за компензација на цените на енергенсите

Од:

Романската Влада одобри уредба за ограничување и компензација на цените на енергенсите, со која се предвидува продолжување на мерките до 31 август 2023 година. Истовремено се снижува и горната граница за потрошувачката на електрична енергија за која се доделува надоместок од 300 на 255 киловатчасови месечно.

Државата исто така на малите компании ќе им надоместува 85 отсто од потрошувачката на електрична енергија по цена од една леја за киловат час (еврото се менува за 4,86 леи), а производителите, трговците и добавувачите од денеска е предвидено да плаќаат и посебна такса за солидарност.

За приватните потрошувачи остануваат ограничените цени на енергијата согласно регулативата донесена во март годинава.

Конечната ограничена цена што ја наплатуваат снабдувачите со електрична енергија е:

– максимум 0,68 леи за киловатчас за корисници од домаќинствата чија просечна месечна потрошувачка е до сто киловатчасови

– максимум 0,80 леи по киловат час за корисници од домаќинствата чија просечна месечна потрошувачка во 2021 година беше помеѓу сто и 300 киловатчасови, за тековна месечна потрошувачка до 255 киловатчасови. Потрошувачката на електрична енергија што надминува 255 киловатчасови месечно се наплаќа по целосна цена.

– максимум еден леи за киловат час за 85 отсто од просечната месечна потрошувачка во 2021 година за малите и средни претпријатија.

– максимум еден леи за киловат час и за целосна потрошувачка на јавните и приватните болници утврдени според соодветната законска регулатива, државните и приватните образовни институции, како и детските градинки, државните и приватните даватели на социјални услуги.

За останатите јавни институции цената ќе биде максимум еден леи/киловатчас со вклучен ДДВ за 85 отсто од просечната месечна потрошувачка во 2021 година.

За потрошувачката на природен гас во периодот од 1 април 2022 година до 31 август 2023 година, крајната цена што ја фактурираат добавувачите е:

– максимум 0,31 леи/kWh, со вклучен ДДВ, за корисници од домаќинствата;

– максимум 0,37 леи/kWh, со вклучен ДДВ, за нерезиденцијални корисници чија годишна потрошувачка на природен гас во 2021 година е 50 илјади мегаватчасови или помалку, како и за производители на топлинска енергија.

Премиерот Николае Чука на почетокот на денешната владина седница рече дека 98 отсто од домаќинствата ќе имаат корист од ограничувањето на цените и мерките за компензација на сметките за струја и природен гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто