Романија, Бугарија и Грција најсиромашни земји во ЕУ

Од:

Грција е третата најсиромашна земја членка на ЕУ, по Бугарија (34,2 отсто) и Романија (22,7 отсто). Со таа разлика што, додека процентите за сиромаштија во двете поранешни комунистички балкански држави значително се намалени, или за речиси една третина, од 2008 година наваму сиромаштијата во Грција е двојно зголемена.

Тоа го покажуваат податоците на Евростат, цитирани од грчкиот весник „Имерисија“ во текстот под наслов „Станавме како . . . Бугарија според сиромаштијата на домаќинствата“.

Сиромаштијата му се заканува на грчкото општество: седум години по приклучувањето на Грција кон режимот на меморандуми, процентот на домаќинства кои живеат во услови на сиромаштија двојно е зголемен. Додека во 2008 година, кога избувна светската економска криза, 11,2 отсто од Грците прикажале недостиг од основни добра, во 2015 година овој процент „скокнал“ до 22,2 отсто, како во ниту една друга земја на ЕУ, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Дан: Романија поминува низ тежок период

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање